.

Wednesday, November 08, 2006

Шенгенски ѕид отпорен на граници

Натпис во Дневник на овој линк

МИА известува од одржаната прес конференција денес, за уличната Акција. Повеќе на овој линк

Tuesday, November 07, 2006

Студентите ќе го уриваат шенгенскиот ѕид - Сторија во Дневник
Повеќе на овој линк

Monday, November 06, 2006

Официјално известување до јавноста

ДО: Средствата за јавно информирање

Предмет: Покана за Прес конференција, и информација за уличната акција на 9ти Ноември

Почитувани,

Имаме чест да Ве известиме дека на 9ти Ноември, Интернационалните младински организации AEGEE-Скопје и JEF Македонија, Унијата на Средношколци на Македонија, Младинскиот Образовен Форум, Балкан ИДЕА Скопје и Сојузот на Извидници на Македонија, ќе организираат масовна улична акција против визниoт систем воведен кон Република Македонија.

Организациониот тим, на 9ти Ноември симултано со Брисел (Преку синхронизација со матичните меѓународни организации ), Скопје, Вилнус, Белград, Ниш, Анкара, Истанбул, Единбург, Рига, Берлин (на локацијата кадешто порано стоел берлинскиот ѕид) и други Европски главни градови, ќе организира масивни мирни улични акции против постоењето на визниот систем.

Денот на кампањата е внимателно одбран да се совпадне со денот на падот на Берлинскиот ѕид. Денес, Шенгенскиот ѕид претставува опасност во реализацијата на Европската интеграција и ширењето на демократските вредности во Европа.

Најголемите губитници со постоењето на Шенген системот се токму младите. Цениме дека неможеме да дискутираме за Европски димензии во образованието, мобилност, корупција, демократија и толеранција се додека Македонската младина е заробена во сопствената држава. Неможноста да се искуси друга култура и други начини на размислување, директно резултираат кон гетоизирано однесување при што се создава маѓепсан круг.

Младите во Македонија се целосно свесни за обврските кои Македонската Извршна, Судска и Законодавна власт мора да ги превземе пред да се симне визниот систем. Во исто време сме и крајно свесни за обврските на Европските институции кон Македонија, која културно, политички и географски припаѓа на овој Континент.

Истовремено неприфатлива е сумата на парични средства кои годишно се одлеваат од младите во Македонија, со цел да ги платат визите. Наша груба проценка е дека оваа сума изнесува повеќе до 2 милиони евра. Средства кои цениме дека треба да останат во државата, со оглед на лошата економска позиција на Македонија. Кога веќе размислуваме за странски инвестиции, немарно е да се превидат средствата кои се одлеваат од државата а можат да се искористат за нејзин развој.

Од тој аспект на 9ти ноември ќе ги повикаме актерите во овој процес, на забрзување на бирократските процедури, и ќе ги потсетиме кои се главните губитници во истиот.

Организациониот тим, на 8ми Ноември со почеток во 11 часот во просториите на НВО инфо центарот, ќе одржи деталена прес конференција, чија цел е запознавање на медиумите и граѓаните на Македонија за целите на оваа кампања и уличната акција. Ве покануваме да присувствувате на прес конференцијата, и да ни се приклучите на акцијата.

Организациониот тим се надева на полна поддршка од Ваша страна, бидејќи рушењето на визниот систем е од државен и социјален интерес на сите граѓани на Република Македонија.

Со почит,

Организациониот тим на Кампањата – Виза, АЈ БАТАЛИ!

Sunday, November 05, 2006

Краток филм по повод визниот систем

На следниов линк, ќе можете да го видите краткиот филм подготвен од ОBESSU (Organising Bureau of European Schools Student Unions. Кој е снимен како одговор на Визниот систем кој постои во Европа.

Saturday, November 04, 2006

Креативни Блогери

Со поддршка на блог заедницата во Македонија, се изработија и следниве фотографии на тема - Не на визниот систем, како поддршка на уличната Акција - Виза, АЈ БАТАЛИ! Благодарност до сите нив за вложениот труд!






Friday, November 03, 2006

Официјалниот плакат на акцијата ...

Thursday, November 02, 2006

Предвидено сценарио за 9ти Ноември

11.00 Почеток на манифестацијата во 11 часот пред Владата на РМ.

Обраќање до владата како институција, а не политичка партија која е на власт и барање од релевантните служби да им помогнат на грѓаните на Македонија, со забрзување на административните процеси (Конечно издавање на новите пасоши, допотпишување на договорите за реадмисија и електронско поврзување на граничните премини).

11.40 Поворката ќе почне да се движи по улицата Илинденска, преку Орце Николов, и ќе скршне лево на улицата Димитрија Чуповски. На пресекот со улица Македонија, поворката ќе сврти десно кадешто во 12.20 ќе заврши пред Делегацијата на Европската Комисија во Скопје.

На улица Македонија пред споменикот на Мајка Тереза, поворката ќе ја пречека импровизирана граница и граничари кои треба да го симболизираат нашиот влез во земјите од Европската Унија.

12.20 Пред Делегацијата на Европската Комисија ќе ги потсетиме релевантните Европски фактори, дека Македонија и нејзините граѓани несмеат да бидат колатерална штета во бирократскиот систем на Унијата, и ќе биде испратена порака до Амбасадоро Фуере, од кого се очекува истата да ја пренесе до соодветните тела на Европската унија.

12.20 Поставен е импровизиран визен ѕид на кој граѓаните ќе можат да ги остават своите забелешки.

12.40 Се очекува да се обрати Амбасадорот Фуере.

12.50 – 13.30 Музички бенд, под мотото Не играј пред амбасада, играј на подиум, како потсетник на понижувањата со кои се соочија Играорците од Битола минатата година кога беа натерани да играат за да добијат визи пред Амбасадата на Обединетото Кралство.

13.30 Протестот завршува.

Мало известување во врска со флаерите...

Датумот на акцијата "ВИЗА, АЈ БАТАЛИ!" е 9-ти Ноември, 2006 година.

Маршута


Виза, ај батали - општи информации

Имаме чест да ве известиме дека на 9ти Ноември, Интернационалните младински организации AEGEE-Скопје и JEF Македонија, потпомогнати од Унијата на Средношколци на Македонија, Сојузите на Студенти на УКИМ, Младинскиот Образовен Форум, Балкан Идеа и Сојузот на Извидници на Македонија, ќе организираат масовен протест против визниoт систем воведен кон Република Македонија.

ПРОТЕСТОТ ЗАПОЧНУВА ВО 11 ЧАСОТ ПРЕД ВЛАДАТА НА Р.М, И ПРОДОЛЖУВА ПО СКОПСКИТЕ УЛИЦИ ЗА ДА ЗАВРШИ ПРЕД ЗГРАДАТА НА ЕВРОПСКА КОМИСИЈА НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА!

Денот на кампањата е внимателно одбран да се совпадне со денот на падот на Берлинскиот ѕид. Денес, Шенгенскиот ѕид претставува опасност во реализацијата на Европската интеграција и ширењето на демократските вредности во Европа. Најголемите губитници со постоењето на Шенген системот се токму младите. Цениме дека неможеме да дискутираме за Европски димензии во образованието, мобилност, корупција, демократија и толеранција се додека Македонската младина е заробена во сопствената држава. Неможноста да се искуси друга култура и други начини на размислување, директно резултираат кон гетоизирано однесување при што се создава маѓепсан круг. Организациониот тим, на 9ти Ноември симултано со Брисел (Преку синхронизација со матичните меѓународни организации со седиште во Брисел), Скопје и други Европски главни градови, ќе организира масивни мирни протести против постоењето на визниот систем. Младите во Македонија се целосно свесни за обврските кои Македонската Извршна, Судска и Законодавна власт мора да ги превземе пред да се симне визниот систем. Во исто време сме и крајно свесни за обврските на Европските институции кон Македонија, која културно, политички и географски припаѓа на овој Континент. Истовремено неприфатлива е сумата на парични средства кои годишно се одлеваат од младите во Македонија, со цел да ги платат визите. Наша груба проценка е дека оваа сума изнесува повеќе до 2 милиони евра. Средства кои цениме дека треба да останат во државата, со оглед на лошата економска позиција на Македонија. Кога веќе размислуваме за странски инвестиции, немарно е да се превидат средствата кои се одлеваат од државата а можат да се искористат за нејзин развој. Од тој аспект на 9ти ноември ќе ги повикаме актерите во овој процес, на забрзување на бирократските процедури, и ќе ги потсетиме кои се главните губитници во истиот. Организациониот тим се надева на полна поддршка од Ваша страна, бидејќи рушењето на визниот систем е од државен и социјален интерес на сите граѓани на Република Македонија.