.

Friday, November 03, 2006

Официјалниот плакат на акцијата ...

Thursday, November 02, 2006

Мало известување во врска со флаерите...

Датумот на акцијата "ВИЗА, АЈ БАТАЛИ!" е 9-ти Ноември, 2006 година.

Маршута


Виза, ај батали - општи информации

Имаме чест да ве известиме дека на 9ти Ноември, Интернационалните младински организации AEGEE-Скопје и JEF Македонија, потпомогнати од Унијата на Средношколци на Македонија, Сојузите на Студенти на УКИМ, Младинскиот Образовен Форум, Балкан Идеа и Сојузот на Извидници на Македонија, ќе организираат масовен протест против визниoт систем воведен кон Република Македонија.

ПРОТЕСТОТ ЗАПОЧНУВА ВО 11 ЧАСОТ ПРЕД ВЛАДАТА НА Р.М, И ПРОДОЛЖУВА ПО СКОПСКИТЕ УЛИЦИ ЗА ДА ЗАВРШИ ПРЕД ЗГРАДАТА НА ЕВРОПСКА КОМИСИЈА НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА!

Денот на кампањата е внимателно одбран да се совпадне со денот на падот на Берлинскиот ѕид. Денес, Шенгенскиот ѕид претставува опасност во реализацијата на Европската интеграција и ширењето на демократските вредности во Европа. Најголемите губитници со постоењето на Шенген системот се токму младите. Цениме дека неможеме да дискутираме за Европски димензии во образованието, мобилност, корупција, демократија и толеранција се додека Македонската младина е заробена во сопствената држава. Неможноста да се искуси друга култура и други начини на размислување, директно резултираат кон гетоизирано однесување при што се создава маѓепсан круг. Организациониот тим, на 9ти Ноември симултано со Брисел (Преку синхронизација со матичните меѓународни организации со седиште во Брисел), Скопје и други Европски главни градови, ќе организира масивни мирни протести против постоењето на визниот систем. Младите во Македонија се целосно свесни за обврските кои Македонската Извршна, Судска и Законодавна власт мора да ги превземе пред да се симне визниот систем. Во исто време сме и крајно свесни за обврските на Европските институции кон Македонија, која културно, политички и географски припаѓа на овој Континент. Истовремено неприфатлива е сумата на парични средства кои годишно се одлеваат од младите во Македонија, со цел да ги платат визите. Наша груба проценка е дека оваа сума изнесува повеќе до 2 милиони евра. Средства кои цениме дека треба да останат во државата, со оглед на лошата економска позиција на Македонија. Кога веќе размислуваме за странски инвестиции, немарно е да се превидат средствата кои се одлеваат од државата а можат да се искористат за нејзин развој. Од тој аспект на 9ти ноември ќе ги повикаме актерите во овој процес, на забрзување на бирократските процедури, и ќе ги потсетиме кои се главните губитници во истиот. Организациониот тим се надева на полна поддршка од Ваша страна, бидејќи рушењето на визниот систем е од државен и социјален интерес на сите граѓани на Република Македонија.